Продолжува изборната кампања, еве каде денеска ќе настапат политичките партии

Дебар/Струга/Охрид – Изборни активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ е меѓу граѓаните на Маврово Ростуше, Дебар, Вевчани, Струга, а на централниот настан ќе се обратат претседателот Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Сашо Јанкоски (Плоштад Вевчани/14:00), во Струга ќе се обратат претседателот Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Димче Шипинкаровски (Ракометно игралиште/16:30), во Охрид ќе се обратат претседателот Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Константин Георгиески (Парк во х.„Палас“/20:00)

Скопје – Во рамки на вториот караван на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ ќе се обратат потпретседателот Оливер Спасовски и кандидатот за градоначалник Асан Ферат. (Шуто Оризари/18:00)

Прилеп/Велес – Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Росоман (Центар на Росоман/16:30), во Градско (Амфитеатар во паркот/18:00), во Чашка (Плоштад во Чашка/19:30) и во Велес (Плоштад Срмаале/21:00)

Прилеп – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе дадена изјава за медиумите. (Градски плоштад/12:30)Гостивар – Прес-конференција на ДУИ. (улица на Корито на излезот од Чегране/12:00)Скопје – Изјава за медиуми на кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром, Александар Филиповски. (Промотивен штаб на СДСМ во Аеродром, до Т.Ц. „Лиса“, над „Жито маркет“/11:00)

Скопје –  „Твоја партија“ ќе ја претстави програмата за општина Центар и град Скопје. (Фонтана Градски Парк/11:00)

Охрид/Струга/Ресен/Дебрца – Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП.

Скопје – Митинг на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски – Камиказа, поддржан од партијата Левица. (Кисела Вода, Расадник/18:00)

Тетово – Изборни активности на БЕСА. (Боговиње/19:30)