Македонија

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Сведок откри дека ДЗС немала вршено инспекции во дискотеки пред трагедијата

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Сведок откри дека ДЗС немала вршено инспекции во дискотеки пред трагедијата
Фото: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Со сослушување на сведоци предложени од Јавното обвинителство продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште, вработен во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) изјави дека, според неговите сознанија, пред трагедијата ДЗС не вршел инспекциски надзори во кабареата и дискотеки низ територијата на државата.

Сведокот нагласи дека не може да потврди дали колегите од подрачните одделенија во изминатите години извршиле какви било контроли во овие типови објекти. По пожарот во „Пулс“, пак, на барање на МВР и други институции биле спроведени вонредни инспекции во слични угостителски објекти.

„Немало распределен инспектор во Кочани, ниту било какво барање или пријава за спроведување на инспекциски надзор во ‘Пулс’ до пожарот“, сведочеше вработениот. Тој додаде дека од 2020 година била предвидена годишна контрола во подрачја без инспектори, но реализацијата била невозможна поради недостаток на персонал.

На прашањето на одбраната дали за време на директорот Селами постоеле пристигнати пријави или барања за надзор во „Пулс“, сведокот одговори негативно.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март минатата година и во него животот го загубија 63 млади лица, додека околу двесте беа повредени.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни