Македонија

Продолжува судењето за „Титаник 2“ за изборните нерегуларности во 2013 година

Во Кривичниот суд денеска ќе продолжи судењето за предметот „Титаник 2“ на СЈО за изборните нерегуларности во 2013 година.

На последното судење се пуштаа „бомби“ односно разговори од високи функционери, а се слушна како премиерот Никола Груевски и новинарот Драган Павловиќ разговараат дека на некои места ќе има повторно гласање.

Во предметот обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, екс директорот на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Сашо Срцев и Влатко Сајковски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни