Полицијата била подготвена да го уапси Вил Смит откако тој му удрил шлаканица на водителот Крис Рок на доделувањето на Оскарите, изјави продуцентот на церемонијата.
„Тие рекоа: „Ќе го земеме, подготвени сме. Можете да поднесете тужба, но ние можеме да го уапсиме“, рече Вил Пакер, додавајќи дека Рок ја отфрлил идејата.
„Тој рече: „Не, не, не, добро сум.“ Полицајците го прашале дали сака да направи нешто, а Рок им рекол дека не сака“, додаде Пакер, кој накратко напиша на Твитер по Оскари.„Во ред…реков дека нема да биде досадно“.
За потсетување, Смит му удри шлаканица на Крис Рок на сцената на овогодинешното доделување на Оскарите затоа што се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејд.
Крис на шега рече дека едвај чека да ја види Џејда Пинкет Смит во G.I. Џејн 2. Тоа беше шега мотивирана од новата фризура на Пинкет Смит, која и ја избричи главата. На тоа Смит стана, се качи на бината и му удри шлаканица на Рок, за да се врати на своето место викајќи дека „не го земај името на неговата сопруга во уста“.
Актерот му се извини на комичарот со објава на својот Инстаграм профил.
