Македонија

Проект Среќа во акција: Доколку немате средства да му го купите на вашето дете прибор за во училиште, а не сакате да знае за тоа, пишете ни!

Проект Среќа во акција: Доколку немате средства да му го купите на вашето дете прибор за во училиште, а не сакате да знае за тоа, пишете ни!

Во Македонија се уште има херои, односно добри луѓе кои се секогаш спремни за помош.

Таков пример е и Проект Среќа, од каде денеска на својот Фејсбук профил се појави порака до родителите кои не можат да си дозволат да купат училишен прибор за своето дете за в училиште, а не сакаат да ги растажат.

„Сите Вие кои душата ве боли затоа што немате средства да му го купите на вашето дете она кое му треба за во училиште, а не сакате вашето дете да знае за тоа, пишете ни. Вашата дискреција ќе биде загарантирана доколку самите немате желба да објавите. Ние Ве разбираме и сакаме да ви помогнеме за сите да бидете среќни! Среќни деца е нашата цел! Истово важи и за децата кои ќе добијат помош. На децата не им треба дополнителна траума. Затоа избегнуваме да објавуваме слики од оние на кои им помагаме. Освен ако семејството и детето не сакаат тоа сами да го објават. ПРИЈАВЕТЕ СЕ, ВАШАТА ШКОЛСКА ОПРЕМА ВЕ ЧЕКА!“, пишуваат од таму.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни