Пролетта започнува утре: Подолги денови, а пократки ноќи!

Со доаѓањето на март, природата се буди, а календарот ни носи долгочекувана пролет. Официјално, пролетта 2026 година започнува на 20 март точно во 15:46 часот, кога денот и ноќта ќе траат по 12 часа, познато како ден на пролетната рамноденица. Од тој момент, деновите ќе стануваат сè подолги, а ноќите пократки, до летото кое започнува на 21 јуни.

Пролетта ќе трае точно 92 дена, 17 часа и 38 минути, додека метеоролошки критериуми веќе ја сметаат како започната од 1 март до 31 мај. Со нејзиниот почеток, на северната хемисфера се очекуваат повисоки температури, цветање на растенијата и повеќе дневна светлина, што ќе го подобри расположението и активностите на отворено.

Како дел од традиционалното прилагодување на годишното време, во ноќта помеѓу сабота и недела, на 29 март, ќе преминеме на летно сметање. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред, со што ќе „губиме“ еден час сон, но ќе уживаме во подолги попладневни часови со сончева светлина.

Главната предност на ова поместување е поголемата дневна светлина, која влијае на енергијата и расположението на луѓето. За оние кои се збунети, правилото е едноставно: во март часовникот се поместува напред, а во октомври се враќа назад.

Пролетта 2026 ќе донесе можност за повеќе активности на отворено, повеќе сончева светлина и нови почетоци, и покрај снегот што понекогаш уште може да изненади во април.