Промени во 19 општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение посочи дека тие како партија постојано се надоградуваат и засилуваат.
„Се дава шанса на млади луѓе, но и на искусни, на сите кои со својот труд и ангажман се подготвени да го посветат своето време и работа на Македонија и подобра иднина на општеството, односно средината во која живеат. ИК на ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашната седница донесе десетина кадровски одлуки. Изберени се претседатели на општински комитети на партијата во 19 општини, дел од новата генерација на ВМРО-ДПМНЕ кои се секогаш со народот. ИК на партијата именуваше нови претседатели во следните комитети: Македонски Брод – Бисера Златеска, Куманово – Бобан Николовски, Зелениково – Дејан Димишковски, Свети Николе – Илија Стоилев, Штип- Душко Иванов, Чашка- Трајче Мишковски, Пробиштип- Оливер Митев, Чешиново Облешево – Јорданчо Костадинов, Валандово- Јулија Тушевска, Пехчево- Николчо Спасовски, Карбинци- Гордана Брбашка, Градско- Александар Георгиевски, Гевгелија- Димитар Вегов, Дојран- Илија Тентов, Демир Капија- Наталија Димитриева, Новаци- Илче Трајковски, Росоман- Ѓорги Крстевски, Крушево- Александра Мијајлевска Стефановска, Долнени- Сашко Велјановски“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, овие луѓе, заедно со сите членови на општинските комитети во кои се изберени ќе бидат моторот за работа за подобро, и пад на власта на СДСМ и ДУИ која ја угушува државата.
„Во идниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со кадровски освежувања и засилувања. Промените се случуваат секогаш со народот“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни