Променливо облачно и ладно време

Во Берово утринава се измерени -10 степени, во Маврово -9, во Охрид, Крушево, Претор, Битола, Скопје-Петровец -7, во Прилеп и Демир Капија -6, во Крива Паланка, Тетово, Пожаране, Штип и Струмица -5, во Тополчани, Скопје-Зајчев рид, Виница и Куманово -4 и во Ѓуриште -3 степени. Нула степени утринава е темепратурата во Гевгелија и еден степен во Дојран.

Четврток и петок се очекуваат повремени врнежи претежно од снег, а наместа ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места и повремен снег на планините.

Се вчитува...

Извор: ТВ21