Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Утринските температури ќе се движат од 13 до 20 степени, а дневните од 25 до 31 степен.

Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 30 степени.

Од понеделник до четврток во претпладневните часови ќе биде сончево со мала доумерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, истакнуваат од УХМР. 

.

Извор: ТВ21