Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец.