AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд

Променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минимална температура ќе се движи од 6°C до 11°C, додека пак максимална температура од 9°C до 16°C.

Попладне и среда претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради заладување, на планините на северозапад ќе има врнежи од снег.

Од вторник повремено ќе дува засилен северен ветер.