Македонија

Променливо облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ=5

Во Скопје, променливо облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни