Променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Преку денот ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 28 степени.