Македонија

Променливо облачно – во западните делови со повремен локален дожд

Променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 22 степени.

Во Скопје претежно облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.

За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено утре во ноќните часови и во недела претпладне. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец. Дневната температура во недела значително ќе опадне. Од понеделник времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни