Најдобриот македонски центар за убавина „Anti Aging Center by Promoitalia“ во месец октомври, традиционално на 1-ви секој месец, ја објави својата промоција во која се одлучи 10% од приходите на оваа промоција да бидат донирани токму за заболените од рак на дојка.
Токму тоа денеска, еден месец подоцна, беше и исполнето, а донацијата ја прими здружението „Езра“.
„Месец октомври е познат како месец на женското здравје и е посветен на борбата против ракот на дојка кај женската популација. Свеста во Република Македонија се повеќе се крева и се говори на темата, благодарение на иницијативите и борбата на организациите, но и општо јавноста. “Промоиталиа” како фирма со општествено одговорна свест, на која и се важни овие иницијативи за подигање на нивото на борбата за рак на дојка кај женската популација, донираше дел од средства од својата октомвриска промоција за заболените од рак на дојка. Донацијата ја прими здружението “Езра”, а средствата ќе бидат наменети за заболените од рак на дојка“, напишаа од Промоиталиа.
Инаку, ова не е прв пат центарот Промоиталиа, на чело со сопственичката Олгица Стојимировиќ да ја покажат својата хуманост токму кон оние на кои им е најпотребна.
