Промоција на евровизиската песна на 11-ти март

Промоцијата на евровизиската песна на Васил „Here I stand“ ќе се одржи во четврток, 11-ти март.

Тим на Македонската Радио Телевизија во соработка со РТС ( Радио Телевизија Србија ) изминатите денови работеше на реализација на снимка на сценскиот настап под мониторинг на ЕБУ, која треба да послужи како резервна варијанта, доколку е оневозможено присуство на делегацијата во мај, во Ротердам.

Настапите и за Македонија и за Србија беа реализирани во едно од студијата на РТС на Кошутњак, Белград, со што двата национални сервиса ја потврдија долгогодишната соработка и пријателство.

Во моментов ЕБУ фокусот го има на реализација на сценариото Б, што подразбира одржување на Евровизија во мај во Ротердам, со присуство на делегациите, но со примена на мерки за социјална дистанца и други протоколи за заштита од Ковид- 19.