На 18.09.2021 во 13.25 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на патот за Македонско село, во близина на Средно Водно, го лишиле од слобода К.Ј.(29) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 18.09.2021 околу 16.30 часот во с.Градец, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода С.Ш.(25) и В.И.(30) од гостиварско Врапчиште, бидејќи при нивен и преглед на нивното патничко возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, била пронајдена марихуана. Нешто подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во дом и помошни простории на С.Ш., при што била пронајдена и одземена марихуана. Двете лица се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.