На 11.12.2018 година околу 22,30 часот на улица „Илинденска“ во
Тетово лишени од слобода се Е.М.(21) од Џепчиште и А.О.(26),
Е.М.(25) и Б.Б.(26) од Порој, кои се наоѓале во паркирано патничко
моторно возило „Ренџ ровер“ со странски регистерски ознаки, а кај
кои пронајдена е марихуана. Четворицата се задржани во
Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.
