Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, вчеравечер ( 19 декември ) околу 21 часот на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови, запреле патничко возило „Мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, што го управувал 24-годишниот Р.И. од гостиварското село Равен.
Во возилото, во кое се наоѓале и А.О.( 18 ) и М.Е.( 24 ), исто така, од Равен, пронајдена е и одземена марихуана и две дробилки.
Се вчитува...
Трите лица лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.
