Пронајдени едно пластично буре, осум картонски кутии и две книжни вреќи со марихуана

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе кривична пријава против Д.П.(47) од село Брајковци, валандовско, поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено во член 215 став 1 од КЗ на РМ.

На 30.12.2018 година со Наредба за претрес на домот и помошните простории од страна на судија на претходна постапка извршен е претрес кај пријавениот. При извршениот претрес во домот и помошните простории кај пријавениот, пронајдени се едно пластично буре, осум картонски кутии и две книжни вреќи со марихуана. Со потврда за привремено одземени предмети пронајдените предмети се одземени, пријавениот е лишен од слобода и задржан во просториите на ПС од ОН Гевгелија. По извршено вештачење констатирано е дека се работи за марихуана со нето тежина од 7,6 килограми.

Се вчитува...

По наредба на судија на претходна постапка на пријавениот му е одреден притвор во траење од 30 дена.

Извор: ТВ21