Тина и Миа Купрешаковиќ на возраст од 15, односно 13 години се пронајдени денеска, соопшти Полициската управа на Истра.
Според хрватскиот портал 24сата, девојчињата вчера залутале од домот за деца во Пула, а денеска биле пронајдени неповредени.
„13 и 15-годишните девојчиња се пронајдени во четвртокот и се под полициски надзор. Повеќе детали не можеме да дадеме, бидејќи станува збор за малолетници“, соопшти полицијата на Истра.
Порталот неофицијално дознава дека девојчињата се оддалечиле од пулскиот дом за деца „Ружа Патровиќ“, а кога ги пронашла полицијата не сакала да одговори.
