Свет

Пронајдено тело во авионот во кој се возеше фудбалерот Сала

Ден после пронаоѓањето на авионот во кој беше фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Давид Иботсон, во остатоците од авионот е приметено тело.

Авионот и телото се пронајдени на длабочина од 63 метри, две недели откако леталото исчезна на летот од Нант до Кардиф, над каналот Ламанш.

Авионот од типот „Пипер Малибу“ е пронајден на 24 милји северно од островот Гурнеси во англискиот канал, потврди службата за истраги за авионски несреќи.

Синоќа авионот го пронајде подморница кое било контролирано со далечинско.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни