Македонија

Пронајдено телото на 66-годишен маж во реката Вардар во неготинско

Пронајдено телото на 66-годишен маж во реката Вардар во неготинско

На 03.07.2026 околу 20:00 часот во водите на реката Вардар, во неготинско, пронајдено е телото на Ј.К. (66) од Неготино.

На 03.07.2026 во 15:55 часот во ОВР Неготино, Ѓ.К.(42) од Неготино пријави дека се сомнева дека неговиот татко Ј.К.(66) од Неготино, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар, кај село Црвени Брегови, неготинско, затоа што бил недостапен, а кога тргнал да го бара дел од опремата за риболов пронашол во реката.

Веднаш од страна на полициски службеници од ОВР Неготино, Територијалната противпожарна единица Неготино, Дирекцијата за заштита и спасување и други лица се преземени мерки за пронаоѓање на Ј.К., по што околу 20:00 часот било пронајдено телото и извлечено од водите на реката Вардар.

Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт без траги на насилство и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни