Македонија

Протест на граничниот премин „Блаце“ – Се бараат мерки против комитите

Со разни пароли и знамиња, стотина млади и стари од Елез Хан собрани од градоначалникот на општината, Руфки Сума, протестираа пред граничниот премин Блаце против физичкиот напад на тројцата косовски државјани во градскиот парк од навивачката група Комити.

Атмосферата стана тензична во моментот кога полицијата го уапси организаторот на протестот.

Потоа организаторите рекоа дека протести ќе има се до моментот додека властите во Северна Македонија ќе преземат мерки.

Градоначалникот Руфки Сума рече дека по тепањето, момчињата повредени биле држени 5 часа во полициска станица без да им се укаже прва помош.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни