Македонија

Протест на оризопроизводителите во Македонија: Ниските откупни цени го прават производството бесмислено

Протест на оризопроизводителите во Македонија: Ниските откупни цени го прават производството бесмислено

Производителите на ориз од источна Македонија протестираат против ниските откупни цени во време кога трошоците за производство се двојно зголемени.

Бараат итна исплата на државните субвенции, како и додаток за секој предаден килограм. Блокади беа поставени на главниот пат меѓу градовите Штип и Кочани.

Производителите бараат средба со надлежните. Едно од барањата е и оризот да се вклучи меѓу стратешките култури во земјава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни