Македонија

Протест на жителите на општина Шуто Оризари пред Град Скопје – Шуто Оризари е заборавена општина

Протест на жителите на општина Шуто Оризари пред Град Скопје – Шуто Оризари е заборавена општина

Жители на скопската општина Шуто Оризари денеска протестираа против, како што велат, систематското игнорирање на општината од страна на Советот и раководството на Град Скопје. Протестот започна кај паркот кај големата џамија во Шуто Оризари, а ќе заврши пред Град Скопје. Протестот се одржа под слоганот „Шуто Оризари – Заборавена општина!“.

Демонстрантите носеа транспаренти испишани со зборовите „Граѓаните на Шуто Оризари плаќаат даноци и комуналии“, „Реинвестирајте ги парите од граѓаните на Шуто Оризари во Шуто Оризари“.

„Очекуваме пораките, потребите и барањата кои ќе бидат пренесени пред Град Скопје да бидат сериозно слушнати и вметнати итно во градските политики на Град Скопје кои ќе бидат преточени во реализирани проекти во Општина Шуто Оризари и во сите скопски населби каде што живее ромската заедница“, соопштија организаторите.

Протестот беше организиран  на денот на општината Шуто Оризари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни