Протест поради апсењето на Србин во Косово: Блокиран патот Грачаница-Гњилан

Во знак на протест поради денешното апсење на Драгиша Миленковиќ од Кишница кај Грачаница, во центарот на Грачаница започна спонтан собир на граѓани.

Имено, Драгиша беше уапсен денеска пред пладне кога специјалните полициски единици т.н. Косово упадна во куќата на Миленковиќ, при што го уапси со образложение дека извршил наводно воено злосторство додека работел како чувар во затворот во Липљан.

На неговата сопруга Јадранка и се слошило по апсењето и била префрлена во болницата во Грачаница, додека мештаните во знак на револт почнале да се собираат во центарот на Грачаница, блокирајќи го главниот пат Приштина-Гњилан.

И покрај обидите на полицијата да ги тргне од патот, граѓаните не се откажаа од протестот, а едно младо момче, како што пренесуваат српските електронски медиуми, е повредено кога Албанец му прегазил со автомобил на нозете.