Втор протест поради високата цена на горивата во Битола. Мирно пред општината го искажаа револтот, најавувајќи дека ова е почеток и доколку не биде ништо преземено, во организација со останати мото клубови низ државата ќе блокираат магистрални патишта.
Блокадата беше пред Општина Битола која нема врска со Регулаторна комисија, но возачите рекоа дека мора од некаде да се почне. Клубот организира и присуствува на изложби на возила, а сега тоа е оневозможено, бидејќи како што велат горивото е прескапо.