Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска остро го осуди инцидентот со палење кукла со ликот на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во населбата Каштел Стари во Хрватска и додаде дека е испратена протестна нота до Амбасадата на Република Хрватска во Белград.
Тој оцени дека станува збор за апсолутно неприфатлив чин, кој е во целосна спротивност со заеднички искажаната определба за целосна нормализација на односите и унапредување на сеопфатната соработка меѓу нашите земји.
– Најостро го осудувам инцидентот што се случи на 13 февруари 2024 година, за време на традиционалната карневалска поворка, во селото Каштел Стари во Република Хрватска. Овој скандалозен чин на ширење омраза испраќа порака која на ниту еден начин не придонесува за зајакнување на добрососедските односи, мирот и стабилноста во регионот и директно и сериозно ги нарушува односите меѓу двете земји – се вели во соопштението на Дачиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го коментираше самиот настан, кој рече дека „кога знаеме дека палеле куќи и цркви, што има лошо да запалиш кукла“.
-Традиционално е да горат, се што можат да изгорат се кукли – посочи Вучиќ.
@dalmatinskiportal Kaštelani spalili – Putina i Vučića! #krnje #maskare #krnjeval #maske #putin #vucic #dalmatinskiportal ♬ original sound – Dalmatinski portal
