Македонија

Протести против албанска паралелка во Чашка – Заев апелира за соработка, Мицкоски: ДПМНЕ не се меша во тоа

Премиерот Зоран Заев побара разбирање од жителите на Чашка кои протестираат против отворање на албанска паралелка во училиштето „Тодор Јанев“. На прашање од ТВ21 за ова, Заев рече дека станува збор за деца, затоа родителите треба да си подадат рака едни на други.

По денешната средба за отворање паралелка на албански јазик во Чашка, претседателот на Општинскиот совет Халит Ферати рече дека вчерашниот протест е организиран од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Опозицискиот лидер Мицкоски рече дека не е информиран за ова прашање и  дека неговата партија не ги поттикнала протестите.

Група родителите на учениците од основното училиште во Чашка вчера се спротивставија на отворањето албанска паралелка во училиштето „Тодор Јанев“. Не сакаат таму да се учи и на албански, бидејќи како што велат, општината е етнички чиста.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни