Ваква беше атмосферата пред почетокот на протестот на плоштадот Скендербег во Скопје. Тензична атмосфера, а демонстрантите велат дека полицијата интервенирала доцна. Според мајката на Ел Чека, нападот го извршил Исмет Гури кој го нападнал братот на Ел Чека, Блерим Ахмети. На снимката се гледа мајката на Ел Чека со крв, која се обидела да го оддалечи синот од настанатиот инцидент со, како што вели таа, Исмет Гури.
Прашавме во полиција но од таму велат дека случајот не е пријавен. По тензичната случка дел од демонстрантите почнаа да играат оро. А потоа извикуваа “Сакаме правда“. Со Пароли Долу Влада, да се открие вистината за монтираните случаи, Ел Чека, демонстрантите се упатија кон Владата.
Вакви протести се организираат втор пат во Тетово пред седиштето на ДУИ. Организаторите најавија дека и во иднина ќе излегуваат на улица на протести.
РЕПОРТЕР: АРАНА Ќ. КЛИМЕНТА