Романија ги пријави првите смртни случаи на пациент заразен со флурон и од грип и од КОВИД-19. Во земјава има уште две лица со оваа комбинација примени во болница.
Кај нашиот северен сосед последниве денови е зголемена инциденцата на вирусни инфекции, а најавена е и епидемија на грип.
Министерот за здравство објасни дека државата се соочува со невидена, но не и драматична ситуација.
Прогласувањето на епидемија на грип не води кон воведување рестрикции, а владата се труди да не се меша во економското закрепнување.