Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини. Локални врнежи од дожд ќе има во четврток.
Времето денес (02.01.2022 год.): Сончево со мала, а вдолж Поварадарието и на североистокот со умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени.