Во Софија денеска е убиен познат бугарски бизнисмен, политичар и поранешен припадник на Државната безбедност Алексеј Петров.
Во него било пукано во софиската населба „Драгеловци“, каде што го пронашле припадници на МВР, а на местото на настанот имало и жена која во тешка состојба е пренесена во болница.
Таа е во индуцирана кома и нејзиниот живот е во опасност.
Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Петров бил придружуван од тројца телохранители, а тој се движел по вообичаената рута, пренесува бугарскиот весник Дневник.
Украинецот Роман Логвиненко, осуден за обид за атентат врз Алексеј Петров во 2015 година, беше предвремено ослободен од затвор во мај. Одлуката ја донесе Апелациониот суд во Софија. Како што пренесува НОВА, самиот Петров бил запознаен со одлуката да го ослободи, но тоа не го загрижило.
Се уште никој не е осомничен за неговото убиство, истрагата е во тек.
Да потсетиме, Петров беше припадник на Специјалната единица за борба против тероризмот, по што влезе во светот на бизнисот.
На пошироката јавност и е познат како сопственик на осигурителни компании и основач на осигурителната компанија „Аполо и Болкан“ во 90-тите години на минатиот век, јавува Радио Бугарија.
Видеото може да го погледнете ТУКА!