Успешно е извршена првата трансплантација на црн дроб во Грција од жив донатор на жив примател, објави грчката заменик-министерка за здравство Ирини Агапидаки во објава на социјалните мрежи.
Операцијата била извршена вчера во грчката болница во главниот град „Лајко“ на 23-годишна жена со малигно заболување на црниот дроб, јавува ТВ ЕРТ. Донатор бил нејзиниот 50-годишен татко.
Постоперативното закрепнување оди добро, пренесува ЕРТ. Пациентот превентивно е на интензивна нега.
