Резултатите ќе бидат подобри од проценките, изјави српскиот претседател и член на СНС Александар Вучиќ за новинарите во изборниот штаб на СНС.
– Не можам да кажам ништо за Белград, бидејќи во Белград не е преброено ниту едно гласачко ливче – рече Вучиќ во краткото обраќање.
– Не можам да кажам ништо за Белград, бидејќи во Белград не е преброено ниту едно гласачко ливче – рече Вучиќ во краткото обраќање.
Изборите во 2023 година се одржуваат нешто повеќе од една и пол година по претходните парламентарни, градски и претседателски избори, кои се одржаа на 3 април 2022 година. Според податоците на Републичката изборна комисија (РЕК), конечниот број на избирачи со право на глас на парламентарните избори е 6.500.666.
Градската изборна комисија (ГИК) утврди дека конечниот број на гласачи во градот Белград е 1.613.369 за изборите за советници на Градското собрание на Белград. На покраинските избори право на глас имаат 1.669.734 гласачи.
На вонредните парламентарни избори учествуваат 18 изборни листи, чии кандидати се борат за 250 пратенички места во српскиот парламент.
На изборите во Белград граѓаните избираат кандидати од 14 изборни листи, додека на покраинските избори има вкупно 13.
