Македонија

Прво со 3,23, по два дена со 3,50 промили: Осумдневен притвор за 29-годишен возач од Битола

Прво со 3,23, по два дена со 3,50 промили: Осумдневен притвор за 29-годишен возач од Битола

Осумдневен притвор му е одреден на Х.Ј. (29) од Битола, кој за помалку од 30 часа двапати бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил под дејство на алкохол. При првата контрола му биле измерени 3,23 промили, а при втората 3,50 промили алкохол во крвта, според полициските информации.

Првиот случај бил регистриран на 7 ноември во 21:30 часот, на паркингот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Полициски службеници од СВР Битола запреле Mercedes со битолски регистарски ознаки, управуван од Х.Ј. Откако му биле измерени 3,23 промили алкохол, тој бил лишен од слобода.

На 9 ноември, во 02:41 часот, истиот возач повторно бил запрен, овојпат на улицата „Партизанска“ во Битола, додека управувал Mercedes со битолски таблички. При проверката му биле измерени 3,50 промили алкохол во крвта, по што повторно бил лишен од слобода.

Според дополнително доставената информација, за двата настана станува збор за истото лице, на кое му е одреден притвор во траење од осум дена.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни