Балкан

Пукање на шеталиштето во Сараево: Едно лице убиено, напаѓачот е под полициска контрола

Пукање на шеталиштето во Сараево: Едно лице убиено, напаѓачот е под полициска контрола

На шеталиштето Вилсон во Сараево денес во попладневните часови се случило пукање во кое едно лице е убиено.

Убиен е еден маж, чија смрт на самото место ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, јавува Н1, пренесува Српскаинфо.

Напаѓачот е под полициска контрола. Известен е дежурниот обвинител на КТС, соопштија од МУП на КС.

„Имаме информации дека е употребено огнено оружје околу 16 часот и 50 минути“, изјави за порталот „Аваза“ Мерсиха Новалиќ, портпарол на МУП на Кантон Сараево.

Повеќе информации се очекуваат подоцна.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни