Балкан

Пукање во хотел во Приштина: Едно лице загина, двајца ранети

Пукање во хотел во Приштина: Едно лице загина, двајца ранети

Денеска едно лице загина, а две се повредени во хотел во една приштинска населба, пренесе Газета експрес.

Според портпаролката на косовската полиција за регионот на Приштина, Фљора Ахмети, денеска околу 13 часот и 20 минути полицијата добила информација за пукање во населбата Арберија во Приштина, во хотел.

На местото веднаш пристигнале полициски единици и медицинска екипа, додаде Ахмети.

Според првичните податоци едно лице се здобило со прострелни рани и починало на лице место, а лекарската екипа ја констатирала смртта.

Две лица се повредени и испратени во болница.

Полициски истражители во координација со државниот обвинител работат на расветлување на сите околности поврзани со настанот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни