Македонија

Пукање во Кочани, едно лице рането

На 18.01.2019 година околу 17.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во угостителски објект на улица „Димитар Влахов“ во Кочани, по претходна расправија помеѓу две групи, лицето Д.С.(40) од Кочани со пиштол пукал кон лицето Д.З.(35) од Кочани и го погодил во десната страна од стомакот и десната подлактица. Д.З. бил пренесен во болницата во Кочани, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни