Нешто пред 15 часот љубљанската полиција добила информација за пукањето. Според последните информации две лица загинале, а насилникот е во бегство. Полицијата се уште трага по него.
24ur јавува дека според нивните се уште неофицијални информации, и сторителот е мртов.
Полицијата го обезбеди местото на настанот и прибира информации за инцидентот. Полицијата првично извести дека се повредени две лица, но подоцна соопштено е дека починале поради тешки повреди.
Се молат граѓаните да ги следат упатствата на полициските службеници и да не ја попречуваат работата на итните служби со останување на местото на настанот. Кога ќе се знаат повеќе информации, јавноста ќе биде информирана“, соопштија од Управата на полицијата во Љубљана.