Во престрелката што се случи во неделата вечерта во приштинската населба Акташ, едно лице загина, а пет се повредени, јавуваат Репортери.
Се сомнева дека двете семејства биле вмешани во конфликтот, поради несогласувања кои ги имале претходно.
Обвинителството на Приштина потврди дека во пресметката е убиено едно лице.
Насер Сиља, директор на Ургентната клиника на Клиничкиот центар во Приштина, потврди дека пет повредени лица се згрижени во болница.
„На клиниката се примени пет лица, прегледите се завршени. Тројца од повредените се згрижени со анестезија и хируршки тимови, двајца се примени на клиниката за ортопедија на понатамошно лекување“, рече Сиља.
Според Репортер, меѓу повредените е и С.С., познат на полицијата по повеќе кривични дела.
Инциденти меѓу двете инволвирани семејства имаше и претходно, а пред неколку месеци беа повредени и неколку лица.
