Свет

Путин донесе одлука: Потпиша указ за постхумно доделување Орден за храброст

Путин донесе одлука: Потпиша указ за постхумно доделување Орден за храброст

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за постхумно доделување Орден за храброст на руската новинарка Дарја Дугина, која беше убиена на 20 август.

„За покажаната храброст и самопожртвуваност во извршувањето на професионалната должност, Орден за храброст и го доделувам на Дарија Александровна Дугина, дописничката на „Царград медиа“ од Москва (посмртно)“, стои во текстот на указот.

Федералната служба за безбедност на Русија претходно денеска објави дека украинските специјални служби стојат зад убиството на руската новинарка Дарја Дугина.

Сторителот е украинската државјанка Наталија Вовк, која со ќерката пристигнала во Русија на 23 јули.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни