Свет

Путин ќе „збесне“ – ќерките на блиски соработници му забодеа нож во грбот!

Путин ќе „збесне“ – ќерките на блиски соработници му забодеа нож во грбот!

Прво, минатата недела, ќерката на Роман Абрамович, Софија Абрамович (27) објави на Инстаграм табла на која е пречкртан Путин со пораката: „Најголемата и најуспешната пропагандна лага од Кремљ е дека повеќето Руси стојат покрај Путин“.

А сега, во бунтот против Владимир Путин, ѝ се придружи Елизавета Пескова, ќерката на портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Имено, Пескова објави црн квадрат со зборовите „не на војната“, хаштаг кој често се користи меѓу противниците на руската инвазија во рускојазичното подрачје.

Прилично незгодно за таткото, кој е еден од најблиските соработници на Путин.

Објавата, која во меѓувреме е избришана, повторно ја објави новинарот на Би-Би-Си, Френсис Скар.

Откако Скар го пријави, новинарката на Вашингтон пост Мери Илушина рече дека објавата е избришана. Сепак, тоа би можело да биде незгодно за целиот круг луѓе на Песков и Путин.

Запрашан зошто Русија започна инвазија на Украина на прес-конференција во четвртокот, тој рече: „Мораме да ја ослободиме Украина и да ја исчистиме од нацистите“.

Песков е еден од најблиските соработници на Путин кој ја брани одлуката за инвазија на Украина.

Ова не е првпат Пескова да биде политички активна. Имено, таа во 2019 година отиде на стажирање во Европскиот парламент, каде стана практикант на десничарскиот пратеник Ајмерик Шапарде. Ова предизвика загриженост дека чувствителните политички информации би можеле да стигнат до Кремљ, објави Би-Би-Си.

Минатата недела, ќерката на сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, Софија, се придружи на групата богати Руси кои отворено го нападнаа Владимир Путин за инвазијата на Украина со драматична објава.

27-годишната наследничка, која поголемиот дел од времето го поминува во Лондон, сподели објава на Инстаграм со пречкртана слика на Путин со пораката: Најголемата и најуспешната лага на пропагандата на Кремљ е дека повеќето Руси стојат покрај Путин, таа напиша.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни