Лидерот на Кремљ, Владимир Путин, ги даде своите први јавни коментари во врска со преговорите за прекин на конфликтот со Украина и ултиматумот поставен од американскиот претседател Доналд Трамп.
Путин им рече на оние кои се „разочарани“ од руската политика, без директно да го именува Трамп или некој друг:
„Што се однесува до секое разочарување што некој го чувствува, секое разочарување доаѓа од превисоки очекувања. Тоа е добро познато општо правило“, рече лидерот на Кремљ.
Тој истакна дека прекинувањето на конфликтот со Украина бара „сериозни разговори – не јавно, туку мирно, во тишината на преговарачкиот процес“.
Во меѓувреме, Путин потврди дека официјалната позиција на Русија не се променила од неговиот ултиматум од 2024 година, кој вклучуваше Украина да се откаже од своите аспирации за НАТО и да ги признае територијалните претензии на Москва.
Порано оваа недела, Трамп објави дека САД ќе почнат да воведуваат царини и да прибегнуваат кон други мерки против Русија во рок од 10 дена доколку Москва не покаже напредок во прекинувањето на војната во Украина.
Тој, исто така, рече дека постапките на Русија се „одвратни“ кога беше прашан за нејзините последни ракетни напади со големи размери врз Украина, објави „b92“.
Путин му одговори на Трамп: Нема попуштање!