Рускиот претседател Владимир Путин утре пристигнува во работна посета на Таџикистан, каде ќе се сретне со неговиот таџикистански колега Емомали Рахмон, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од ТАСС.
„Претседателот Путин утре треба да престојува во работна посета на Таџикистан. Таму ќе има средба и разговори со Рахмон“, рече Песков.
Се вчитува...
По Таџикистан, Путин треба да го посети Туркменистан за да присуствува на состанокот на касписките лидери во Ашхабат во среда.
Песков ги нарече погрешни наводите на Русија за неисполнување на обврските, бидејќи во мај беше извршена исплата во странска валута.
Тој рече дека Москва следи што се случува на самитот на Г-7.
