Рускиот претседател Владимир Путин вели дека секоја земја што ќе наметне зона на забранети летови над Украина ќе се смета дека се приклучила на војната во Украина.
„Секое движење во оваа насока од нас ќе се смета за учество во вооружен конфликт на таа земја“, рече рускиот претседател.
Според него, во воен контекст, зоната на забранети летови е област каде што на авионите им е забранет влез за да се спречат напади или надзор, но, тоа мора да се спроведе со воени средства – односно со потенцијално соборување авиони.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини „слабоста“ и „неединството“ на НАТО за одбивањето да се воведе зона за забранети летови.
НАТО рече дека тоа ќе доведе до опасна ескалација на војната во многу повеќе земји.