Рускиот претседател Владимир Путин денеска на конференција во Москва изјави дека западните земји ја определиле судбината на народот во Украина како топовско месо.
„Тие спроведоа антируски проект, се правеа дека не го гледаат ширењето на неонацистичката идеологија до масакрот на луѓето во Донбас, складираат и продолжуваат да складираат оружје за режимот во Киев, вклучително и тешко оружје“, рече Путин.
„Под овие услови, решивме да спроведеме специјална воена операција во согласност со повелбата на Обединетите нации. Целите на оваа операција се јасно дефинирани: да се обезбеди безбедност на Русија и нашите граѓани и да се заштити народот на Донбас од геноцид”, вели тој.