Пандемијата поради која многумина во светот и кај нас работат од дома, доведува до ситуации кои понекогаш не можат лесно да се решат.
Имено, германскиот суд донесе пресуда според која човек кој се лизнал додека одел неколку метри од креветот до домашната канцеларија, може да бара осигурување поради несреќа на работа, бидејќи технички патувал на работа.
Човекот работел од дома и бил на пат кон своето биро еден кат под спалната соба, се наведува во одлуката Федералниот социјален суд, кој ги надгледува прашањата за социјално осигурување.
Додека одеше по спиралните скали што ги поврзуваа собите, неименуван маж се лизна, падна и го повреди грбот.
Судот забележал дека работникот обично го започнувал работниот ден во домашната канцеларија веднаш и без појадок, но не објаснил зошто тоа е релевантно за случајот, пренесува РТС.
Сепак, подоцна беше кажано дека правното осигурување од несреќен случај е обезбедено само за „првото“ патување до работа, што сугерира дека може да се одбие „патување“ за појадок откако некој веќе бил во канцеларија.
Работодавачкото осигурување одби да го покрие барањето. Додека двата пониски суда не се согласија околу тоа дали краткото патување е службено патување, повисокиот федерален социјален суд рече дека утврдил дека „првото утринско патување од кревет до домашната канцеларија е службено патување за кое се обезбедува осигурување“.
Во пресудата е наведено дека работникот „доживеал незгода на работа кога утрото паднал на пат кон својата домашна канцеларија“.
Во многу земји, компаниите имаат обврска да се грижат за своите вработени, без разлика каде работат.
„Доколку осигурената дејност се врши во домаќинството на осигуреникот или на друга локација, осигурувањето се обезбедува во иста мера како и кога дејноста се врши во просториите на компанијата“, соопшти германскиот сојузен суд.
Не е јасно дали човекот работел од дома поради пандемијата или го правел тоа порано. Во пресудата се наведува дека законот се однесува на „оддалечените работни места“, кои се „компјутерски работни станици кои работодавачот трајно ги поставува во приватна сопственост на вработените“.