Работната група за помирување денеска ќе го одржи вториот состанок

Работната група за помирување на Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција во Собранието на Република Македонија, на 10 декември 2018 година (денеска), во 10:00 часот, во Сала 10, ќе го одржи својот втор работен состанок.

Оваа група се формираше по повод помирувањето за настаните од 27 април и упадот во Собранието на Македонија. Минатата недела беше одржан првиот работен состанок.

Се вчитува...

Претходно на собирот на групата присуствуваше и премиерот Зоран Заев кој што подоцна истакна дека има желба за помирување.

Извор: ТВ21